Економија, финансии, бизнис

Контакт

DER SPIEGEL ДОЗНАВА: Русите зборуваа за нуклеарен напад врз Берлин, именувани три цели

DER SPIEGEL ДОЗНАВА: Русите зборуваа за нуклеарен напад врз Берлин, именувани три цели

Руските воени сили разговарале за нуклеарен напад врз Германија неколку недели пред инвазијата на Украина, дознава неделникот Der Spiegel од „безбедносните извори“.

Според Der Spiegel, западните разузнавачки агенции ги пресретнале радио комуникациите на руската морнарица додека таа вршела вежби во Балтичкото Море на крајот на 2021 година.

Пораките се однесуваа на нуклеарен напад врз Германија, а како цели беа именувани Берлин и воздушните бази Рамштајн и Бухел.

Германските и западните аналитичари имаат две теории за овој разговор. Некои тврдат дека е вообичаено да се разговара за употреба на стратешко оружје за време на вежбите. Други веруваат дека руските вооружени сили, знаејќи дека се прислушувани, намерно ги именувале целите на нуклеарниот напад за да го заплашат Западот.

ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN

Слично

Поврзани вести