„Депотбанк“ ќе оди во рацете на француската банка „BNP Paribа”.
Германската банка „Комерцбанк“, ќе и ја продаде својата инвестициона филијала „Депотбанк“ на француската банка „BNP Paribа”.
Од „Комерцбанк“ не сакаа да ја откријат вредноста на договорот за продажба на филијалата која во април месец управуваше со средства вредни 122 милијарди долари.
„Депотбанк“ на инвестициските компании и фондови им нуди услуги како што се трансакции и управување со средствата, а во неа работат 80 луѓе.
„Сите вработени во филијалата на „Комерцбанк“ имаат можност да преминат во „BNP Pariba“ - истакнаа од германската банка, притоа додавајќи дека за финализирање на трансакцијата се чека одобрение од надлежните органи.
„Комерцбанк“ во текот на финансиската криза доби државна помош во 2008-та, па потоа и во 2009-та со вкупна вредност од 16.4 милијарди евра. За три месеци заклучно со март, групацијата евидентираше нето загуба од 94 милиони евра, поради големите трошоци за реструктурата.
Слично
