ДЕПОРТИРАНИТЕ ДЕЦА ТВРДАТ, биле казнувани и тепани бидејќи одбивале да ја пеат руската химна
Децата кои
се вратија во Украина откако беа насилно депортирани во Русија, се пожалија на
казни за одбивање да се пеат национални химни.
Дарија Харашимчук, украинска советничка за правата на децата, рече дека децата тврделе дека биле тепани затоа што спомнале дека се Украинци.
Други казни, наводно, вклучувале забрана за прошетки, како и присилба да препишуваат руски текстови. Харашимчук рече дека на децата им било кажано дека нивните родители „ги напуштиле“ и дека „никој не ги чекал“ во Украина.
Досега се верува дека околу 19.000 украински деца биле однесени во Русија од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
ФОТО: EPA
Слично
