Економија, финансии, бизнис

Контакт

Депортација во понеделник: Германија ги протерува Балканците одбиени за азил!

Депортација во понеделник: Германија ги протерува Балканците одбиени за азил!

Германија, наместо од 1 ноември веќе од понеделник ќе почне со примена на новиот закон за азил и со тоa со големо протерување на одбиени подносители за азил.

Тоа пред се се однесува на луѓето од балканските земји, јавуваат германски медиуми, а потврдил и специјалниот координатор за бегалци, шефот на Канцeларската служба Петер Алтмајер.

„Тоа веројатно ќе ни тргне од рака и дури неколку дена претходно“, рекол Алтмајер по повод примената на законот, кој на 1 ноември требаше да стапи на сила и кој предвидува поедноставување на постапката за депортација на одбиените азиланти.

Тој како нови земји со сигурно потeкло ги дефинирал Косовo, Албанија и Црна Гора. Србија веќе долго време се наоѓа на листата земји со сигурно потeкло, што значи дека во такви земји нема ни политички прогон ни политичко мачење, па со тоа ни причини за азил, но барањата на граѓаните сепак може поединечно да се проверат.

Според информации на Велт, голем број на одбиени азиланти се одлучуваат доброволно да ја напуштат Германија, па така од јануари до септември земјата ја напуштиле 22.400 луѓе, додека 11 500 биле протерани.

Слично

Поврзани вести