ДЕНОТ-Д ЗА ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Го објави големиот план за Европа и го нападна Орбан
Претседатеката на
Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор денеска во
Европскиот парламент, во пресрет на гласањето за нејзиниот втор мандат на
функцијата, најмногу зборуваше за безбедноста и конкурентноста на континентот,
осудувајќи ја посетата на унгарскиот премиер на Москва и повика на „запирање на
крвопролевањето во Газа“.
Во своето обраќање пред ЕП пред гласањето, Германката рече дека Европа има избор „дали сака да биде обликувана од настаните и светот околу неа или дали ќе се обедини и ќе ја гради сопствената иднина“.
„Европа не може да ги контролира диктаторите и демагозите ширум светот, но може да избере да ја зачува својата демократија“, рече Фон дер Лајен во говорот за „демократските сили“ кои се спротивставуваат на демагозите и популистите.
Фон дер Лајен ја објави „Инвестициската комисија“ во нејзиниот програмски предлог. На првата пленарна седница на 10-тото свикување на Европскиот парламент во Стразбур, таа истакна дека на европската конкурентност и треба големо засилување и дека е потребна помала бирократија и „микро-менаџмент“ за да се олесни бизнисот.
Таа најави продолжување на зелената транзиција на ЕУ кон чисти извори на енергија, како што е водородот, и политиката за заштита на животната средина и борбата против климатските промени.
Друг акцент беше ставен на безбедноста на континентот, со барање за формирање на Европска одбранбена Унија. Таа рече дека европските земји инвестираат премалку во својата одбрана и дека нивната безбедност премногу зависи од другите, мислејќи на САД.
Европа стои покрај Украина
Таа во својот говор ја осуди неодамнешната посета на Москва на Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, која во моментов претседава со ЕУ. Неговата самопрогласена „мировна мисија“ всушност беше мисија да го „смири“ Путин.
Два дена подоцна, Путин ги упати руските авиони во детската болница во Киев, „што не беше грешка, туку порака до сите нас“, рече Фон дер Лејен, додавајќи дека Европа мора да даде подеднакво јасна порака: „Ќе стои до Украина колку што е потребно“. Во исто време, Европа ќе продолжи со успешна транзиција од „валканата“ руска енергија, рече таа.
Европа посилно ќе ги штити надворешните граници, рече таа, најавувајќи дека бројот на членовите на Фронтекс на границите ќе се зголеми тројно во нејзиниот нов мандат, на 30 илјади. Таа, исто така, сака да го удвои бројот на вработени во Европол за да ја зајакне полициската агенција.
Мир во Газа
„Крвопролевањето во Газа мора веднаш да престане“, изјави Фон дер Лајен во ЕП и најави посилна финансиска помош за „ефективната“ палестинска самоуправа. „Премногу деца, жени и цивили ги загубија животите во одговорот на Израел на теророт на Хамас“, рече таа, повикувајќи на одржлив мировен договор.
Таа нагласи дека решението со две држави е најдобрата опција за безбедноста и на Палестинците и на Израелците.
Проширувањето на Унијата како „главен приоритет“
Во Стразбур, Фон дер Лајен зборуваше и за проширувањето на Унијата како „главен приоритет“ на нејзината Комисија, велејќи дека тоа е морално прашање. Проширувањето ќе се заснова на индивидуални заслуги, а земјите кандидати ќе имаат целосна поддршка од ЕУ, тврди Фон дер Лајен.
Во својот долг говор таа допре бројни теми како што се економската нееднаквост, епидемијата на ментални болести и вештачката интелигенција. Таа ја нагласи и неопходноста од постигнување вистинска еднаквост меѓу жените и мажите, почнувајќи од приходите и пензиите.
Нејзиниот говор ќе биде проследен со гласање за нејзиниот нов мандат на чело на Европската комисија.
ФОТО: EPA-EFE/RONALD WITTEK