Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска во Брисел ќе се разгледува можноста за формирање агенција за банките

Денеска во Брисел ќе се разгледува можноста за формирање агенција за банките
Министерите за финансии на ЕУ, денеска во Брисел ќе разговараат како да го поддржат банкарскиот систем и да спречат во иднина финансиска криза. Финансиските челници ќе се обидат да ги намалат разликите во ставовите околу основање на агенција на ниво на ЕУ за реструктуирање на проблематичните банки. Дефинитивен споразум не се очекува, но министрите се надеваат дека ќе дојдат до напредок како би се постигнало во рок, до крајот на годината, и дека законот за нова агенција би можел да биде усвоен пред изборите во ЕУ во мај. Од Европската централна банка, од министрите за финансии, бараат јасно да покажат подготвеност да дадат пари, ако контролата на ЕЦБ идната година открие банки кои се толку слаби, што ќе им биде потребен уште капитал, а не можат да го обезбедат на друго место. До сега, министрите за финансии инсистираа банките прво да мораат да најдат пари кај приватните инвеститори, а од националните влади само во случај да не можат да најдат кај инвеститорите.  
Слично

Поврзани вести