ДЕНЕСКА: Швајцарија на референдум за намалување на бројот на имигранти
Швајцарците денеска излегуваат на референдум на кој се изјаснуваат за ограничување на имиграцијата. Бирачите во една од најбогатите земји на светот, одлучуваат и за судбината на националното злато.
Пет милиони бирачи на богатата алпска земја, позната по ниските даноци и остри закони за странците, се пред три нови референдумски прашања - помала квота за доселениците, укинување на паушален данок за богати странци и чување на златните резерви исклучиво и во националните трезори.
Додека заговорниците на помало доселување бараат годишно да се ограничи имиграцијата од 100.000 лица на 16.000 - швајцарските компани предупредуваат дека тоа ќе ја остави земјата без квалификувани работници.
И иницијативата за чување на златни резерви до националните трезори - е лоша, велат експерти - бидејќи ќе ја загрозат работата на националната банка на Швајцарија, која ќе мора да ги зголеми тројно златните резерви и наруши стабилноста на цената во земјата.
Швајцарија ма 1040 тони злани резерви, од што третина го држи во Канада, а петтина во Велика Британија.
„Тоа ќе го намали маневарот на Националоната банка на Швајцарија на светските пазари. Со таа иницијатива ризикуваме и да предизвикаме нова криза на еврото, кој речиси ја превзеде улогата на златото, иако нема долгорочна стабилност, вели пратеникот Ив Нидежер.
Ако во Швајцарија биде поддржана таканаречената „златна иницијатива“, која ја поддржуваат околу 10 одсто од граѓаните - Швајцарската Национална банка ќе мора да купи 1500 тони злато, што е 70 одсто од светското годишно производство на тој скапоцен метал.
Со 125 грама златни резерви по глава на жител, Швајцарија е прва во светот. Но, изгледа дека на многумина тоа не им е доволно.
