Денеска се одбележува годишница од терористичкиот напад во Њујорк
Церемонијата на одбележување на годишница од нападот на терористичката организација Ал Каеда во САД на 11 септември 2001 започна во Њујорк со минутно молчење.
Во меморијалниот центар и музеј посветени на нападите е одржана интимна церемонија во чие средиште беше читањето на имињата на речиси 3000 загинати во Њујорк, Пентагон и Башингтон и близу Шенксвил во Пенсилванија, местата каде се случија нападите.
Исто така им е оддадена почит и на шест загинати лица во бомбашкиот напад на Светскиот трговски центар во 1993.
Во текот на читањето на имињата се направени четири паузи како би се одбележало времето на нападите во Њујорк-кога првиот авион ударил во Светскиот трговски центар , кога ударил вториот, кога се урнала првата кула, и кога се урнала втората кула.
