ДЕНЕСКА ПОЛНИ 26 ГОДИНИ: Ова е девојката која Хамас ја киднапираше на фестивалот во Израел
Киднапирањето на младата Ноа Aргамани на фестивалот во Израел стана симбол на војната, а денес е нејзин роденден.
Милитантите на Хамас ја киднапираа на фестивалот во јужен Израел. Tие убија повеќе од 260 посетители на фестивалот, а другите ги земаа како заложници. На официјалниот Твитер профил на Државата Израел беше објавено дека Ноа Аргамани денеска полни 26 години и дека нејзините родители „замолуваат сите да и го честитаме роденденот со надеж дека можеби некако овие пораки ќе стигнат до неа“. Во саботата палестинската група Хамас ја нападна Израел. Потполковник Ричард Хехт, портпарол на израелската војска, денеска нагласи дека силите „се подготвуваат за копнен маневар доколку биде одлучено“, но дека политичкото раководство засега не наредило таков чекор.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави фотографии од бебињата кои милитантите од Хамас ги запалиле.
foto Twitter printskrin
