Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска е најдепресивниот ден во годината!

Денеска е најдепресивниот ден во годината!

Денеска е најдепресивниот ден во годината, а истражувањето покажува дека над 75 отсто од луѓето сметаат дека најголем виновник за тоа е малото количество дневна светлина.

Единицата според која третиот понеделник во јануари е прогласен за најдепресивен ден во годината ги зема во обзир низа фактори, како што се време, мотивација и потреба за движење.

„Мотивацијата во овој период е исклучително ниска. Постои нешто што се нарекува „ефект на хибернација“, кога луѓето се чувствуваат летаргично и кога јадат повеќе од потребно“, тврди Клиф Арнал, психолог од Универзитетот во Кардиф.

Сепак, голем број експерти сметаат дека вакбвите тврдења се неосновани.

„Факт е дека равенствата што ги поставил Клиф Арнал се глупави, а некои воопшто немаат смисла од математичка гледна точка“, изјави истражувашот Бен Голдкре за весникот Гардијан.

Слично

Поврзани вести