„Денес ти е роденден, повторно си роден“ - му рече спасувач на момче во Венецуела извадено од урнатините
Пожарникарите го споделија спасувањето на Мигел, момче заробено под урнатините на зграда во Ла Гваира во Венецуела.
„Денес ти е роденден, Мигел. Повторно си роден, момче мое“, вели спасувачот.
Во Ла Гваира, спасувачите спасија 18-дневно бебе и неговата мајка откако поминаа 32 часа заробени под урнатините на зграда што се урна за време на земјотресот.
Според најновите бројки, презентирани од привремената претседателка Делси Родригез, најмалку 1.430 лица загинаа во урнатините на зградите во Венецуела, додека најмалку 2.980 се повредени.
Во средата во Венецуела имаше земјотреси со јачина од 7.2 и 7.5 степени.
фотоп принтскрин
Видеото можете да го видите тука.
Слично
