Денес состанок на експертите на СЗО за „Астра Зенека“- каде „лежи“ проблемот?
Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе се состанат денес за да разговараат за вакцината на Астра Зенека, чија употреба е суспендирана во повеќе европски земји поради страв од згрутчување на крвта.
На трите најголеми земји на ЕУ - Германија, Италија и Франција - им се придружија уште неколку други во суспензијата за вакцини.
СЗО, Астра Зенека и Европската агенција за лекови (ЕМА) инсистираат на тоа дека вакцината е безбедна и нема никаква врска помеѓу дозата и пријавените згрутчување на крвта.
- Не сакаме луѓето да паничат и, засега, препорачуваме земјите да продолжат да се вакцинираат со дози на „Астра Зенека“. Досега не најдовме врска помеѓу пријавените случаи и вакцината - рече научникот од СЗО, Соумја Сваминатан.
Експертите на СЗО и ЕМА ќе разговараат за податоците добиени од вакцинацијата на „Астра Зенека“ одделно, а европскиот регулатор ќе одржи вонреден состанок два дена подоцна за да одлучи за понатамошните постапки.
Членки на ЕУ - Шпанија, Португалија и Кипар синоќа привремено ја прекинаа употребата на вакцината „Астра Зенека“.
Властите на трите земји ја донесоа одлуката откако Франција, Германија, Италија, Данска, Норвешка и неколку други земји го сторија истото поради извештаите за потенцијални сериозни несакани ефекти.
