ДЕНЕС: Шкотска официјално ќе побара референдум за излез од Велика Британија
Премиерот на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија Никола Страџен официјално ќе го побара денеска од Лондон правото да организира референдум за независност на регионот.
Ова го соопшти Skyn News, повикувајќи се на свои извори.
Според информација на телевизискиот канал, Страџен „ќе побара од премиерот (на Велика Британија Тереза Меј) да го започне преносот на права (на Единбург) за спроведување на референдумот“. Писмото ќе биде испратено на Даунинг стрит 10 по електронска пошта. Самата Страџен споделува на страната на шкотската влада во Twitter фотографија, на која седи во еден неофицијална поза на каучот во својата официјална резиденција во Единбург и и пишува писмо на Меј.
На 28 март пратениците од парламентот на Шкотска ја поддржаа иницијативата на ШНП за спроведување по година и половина на вториот референдум за независност на регионот. Следната фаза, како што е по процедура, е испраќање на официјално барање до Лондон со барање за пренос на привремени овластувања за организирање на анкетата во согласност со законодавството. Британската влада е решително против идејата за референдум. Лондон нагласува дека во 2014 година ШНП веќе иницира и во Шкотска беше одржан референдум за оваа тема. Тогаш 55% од жителите на Шкотска британски граѓани се изјаснија за останување во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како што е целосното официјално име на земјата. Притоа Тереза Меј го гледа како крајно несоодветен моментот избран за спроведување на анкетата. Токму во тоа време Велика Британија ќе е во завршната фаза од преговорите за излез од ЕУ.Според дел 30 од Актот за Шкотска од 1998 година владата на Велика Британија има право да му го обезбеди на регионот правото да одржи референдум за независност. За таа цел треба да има согласност од три законодавни институции: шкотски парламент, долниот и горниот дом на парламентот на Обединетото Кралство. Практично британската влада, формирана од членови на Конзервативната партија, може да го одбие тоа право на Шкотска - посредно, да не го дозволи разгледувањето на прашањето во парламентот, така и во самиот парламент, земајќи предност на мнозинството во Долниот дом. Практично конзервативците едвај ќе постапат на овој начин, бидејќи разбираат дека слично одбивање крие во себе големи политички ризици. Тоа би дало повеќе адути на шкотските националисти, кои ќе почнат да го обвинуваат Лондон за намалување на правата на автономијата.
