ДЕНЕС ПОЛНИ 63 ГОДИНИ: Што ќе прави Путин на својот роденден?
На својот роденден претседателот на Русија, Владимир Путин ќе учествува на хокеарски натпревар, соопшти неговиот Прес секретар Дмитриј Песков, цитиран од агенциите.
Путин, кој денес ќе наполни 63, го совладал овој спорт релативно наскоро - пред три години. Оттогаш постојано излегувал на мразот во пријателски натпревари и редовно учествува во натпревари на ноќната хокеарска лига.
Една од неговите први појави на хокеарскo лизгалиште во 2012 година исто така беше поврзана со таков турнир - екипите играа само неколку часа по инаугурацијата на рускиот лидер.
Покрај учеството во турнири заедно со спортисти Путин неколку пати е соборен на мразот од колегите политичари, особено претседателите на Финска и на Белорусија, потсетуваат агенциите, цитирани од светските агенции.
Во принцип рускиот претседател не придава посебно значење на својот роденден меѓу обичните работни денови и тој го минува во работа.
Само пред една година Путин - за прв пат, официјално си зеде слободен ден и замина со авион за сибирскa тајга, за да го помине „далеку од цивилизацијата“, додава „ТАСС“.
