Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес немаат ниту еден заразен, а одат во најстрог карантин

Денес немаат ниту еден заразен, а одат во најстрог карантин

Австралија оди во најстрог карантин, а денес немаат ниту еден заразен со коронавирусот. 

Нема пријавено нови случаи во четвртокот, но 3.200 лица се во карантин.

Владата ги забрани сите собири на отворено, вклучително и свадби, погреби, испораки на храна.

Надлежните велат дека целта е навремено да се запре почетокот на ширењето на коронавирусот.

Фотографиите на социјалните мрежи ги покажуваат празните улици на Аделаида, главниот град на Јужна Австралија.

Жителите побрзаа во продавниците ден претходно за да набават намирници, пренесе „Ројтерс“.

Земјата со 1,8 милиони жители има 23 нови случаи откако неодамна се појави ново жариште.

Во светот има скоро 57 милиони заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести