ДЕН ЗА ОДЛУКА ВО ШПАНИЈА: Владата одлучува како ќе преземе контрола над Каталонија
Шпанскиот премиер Маријано Рахој најави дека неговата влада денес ќе објави конкретни мерки за плновите за преземање на контролата над Каталонија, бидејќи добил поддршка од водечките опозициони партии во Шпанија.
Рахој одбил да потврди дали спогодбата со опозициските социјалисти вклучува планови за одржување на регионални избори во Каталонија во јануари, како што претходно најави нивниот претставник.
Целта е двократна: враќање на легалитетот и обнова на нормално функционирање на институции, рекол Рахој кој денес ќе одржи вонредна седница на владата како би се започнало со спроведување на најавениот план.
Тоа ќе биде прв пат централната влада на Шпанија во Мадрид да се повикува на член 155 од Уставот како би се реформирала регионалната влада и свикала нови избори, наведува Ројтерс.
