Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ден за одлука во Шкотска: Голема или Мала Британија?

Ден за одлука во Шкотска: Голема или Мала Британија?
Од утрово во Шкотска започна гласањето на референдумот за независност, на кој граѓаните треба да одлучат дали сакаат отцепување или да останат во рамките на Велика Британија. Околу 4,3 милиони гласачи денеска треба да излезат на гласачките места. Тие претходно се регистрираа за гласање на референдумот. Иако официјално гласачкото право во Велика Британија се добива со навршени 18 години, на референдумот ќе гласаат жителите на Шкотска со наполнети 16 години. Пресудно за впишување во избирачкиот список е постојаното жителство во Шкотска, па право на глас немаат шкотските државјани и родените во Шкотска кои не живеат во оваа земја. Референдумското прашање се состои од седум збора кои можат да ја променат историјата на оваа земја, но и на Европа - Дали Шкотска треба да биде независна земја? Британскиот премиер Дејвид Камерон вели дека секому кому му е грижа за Велика Британија од утрово е нервозен. „Уверен сум дека на Шкотска и ги даваме најдобрите можности: успешна економија и поголема самостојност, ако се изјаснат против независноста“, вели Камерон. Напнатоста е голема и во другите делови на Европа, поради стравувањето дека шкотскиот пример би можеле да го следат и други европски региони кои се стремат кон независност. Прелиминарните резултати се очекуваат веќе вечерва, а комисијата за пребројување на гласовите најави дека со официјални податоци ќе излезе утре.
Слично

Поврзани вести