Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕН НА СЛОБОДАТА: Австрија од 5-ти март ги укинува сите мерки против коронавирусот

ДЕН НА СЛОБОДАТА: Австрија од 5-ти март ги укинува сите мерки против коронавирусот

Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави укинување на епидемиолошките мерки на 5 март.

Владата, заедно со гувернерите на покраините, донесе одлука за натамошно олеснување на мерките со образложение дека состојбата во болниците и покрај големиот број новозаразени, е стабилна.

Денеска учесниците на средбата сакаа да го прогласат 5 март за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.

Според претходната одлука на Владата, на 19 февруари ќе следи натамошно олеснување на мерките. Така, во угостителството, хотелите и настаните, 2G ќе се смени во правилото 3G, со што на невакцинираните со негативен тест, повторно ќе им се овозможи пристап до кафулиња, ресторани, хотели, концерти, натпревари.

Исто така, од 5 март ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутни.

Се укинува и канрантинот за инфицираните без симптоми, а единствено што ќе остане е обврската за носење маски на одредени места, како јавниот превоз и супермаркетите.

Се размислува и за времено прекинување на задолжителната вакцинација, која беше воведена пред десетина дена.

Извор: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести