ДЕН КОГА ПОБЕДИЈА „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“: Макрон ретерира за зголемување на цените на горивата
Француската влада официјално го откажа состанокот со претставниците на „жолтите елеци“ кој бил закажан за денеска пренесуваат странските медиуми.
Едуард Филип кој е на чело на француската влада наскоро ќе најави укинување на зголемувањето на данокот на гориво, наведува агенцијата Асошиејтед прес повикувајќи се на извори од владата.
Суспензијата на одлуката за зголемување данок на горивата би требало да биде на сила неколку месеци и би требало да ја следат и други мерки во цел смирување на ситуацијата.
Шефот на владата би требало да ја соопшти одлуката од синоќешниот состанок во Елисејската плата со претседателот Емануел Макрон пред пратениците од партијата на Франција во движењето во Парламентот, кажале неименувани владини извори.
Макрон во неколку наврати рече дека нема да попушти пред барањата на демонстрантите, но во понеделникот владата сигнализирала дека е подготвена да направи компромиси. Исто така , тој одржал итен состанок со службата за безбедност и откажал планирана посета на Србија.
Најмалку три лица настрадале а стотици се повредени од 17 ноември кога почна протестот на „жолтите елеци“ во Франција.
Француските работници вработени во Итната помош им се придружиле на антивладините протести, додека премиерот на таа држава се состанал со политичките ривали во обид да го намали бесот на граѓаните по насилните немири кои го поделија Париз.
Над десетина возила на Итната помош го блокирале мостот кој води кон националното собрание, а припадници на полицијата стоеле за да ги спречат во намрата да и се приближат на зградата на парламентот.
