ДЕН „Д“ ЗА АКЦИИТЕ НА АЛИБАБА: Вредноста паѓа и истекува забраната на продажба за 1,6 милијарди акции
Кинескиот гигант Алибаба имаше тешка година. Откако лани во септември ја освои Америка со рекорден излез на берзата вреден 15 милијарди долари, се мачи со исполнување на очекувањата на вложувателите и пазарот. Акциите на Алибаба во ноември 2015 ја достигнаа највисоката вредност од 119 долари и после тоа често паѓаат.
Во август за прв пат паднаа под нивото на ИПО од 68 долари, а во петокот го завршија тргувањето на 65,75 долари. Во моментот на објава на ова соопштение на интернет, вредноста била 64,88 долари.
Потрошувачката во Кина се намалува
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/business/status/645954798626455552/photo/1[/embed]Поради забавувањето на кинеската економија оптимзмот на вложувачите кон Алибаба спласнува. Растот на приходите на Алибаба се забави бидејќи поради слабиот раст , депрецијацијата на јуанот и летната криза на берзите, потрошувачката во Кина се намалува.
Забраната на продажбата на 1,6 милијарди акции на Алибаба истече во неделата, така што во понеделникот на пазарот беа 64 посто од вкупниот број на слободни акции.
Yahoo не знае што со својот удел
Доста зависи од тоа и што ќе направи Yahoo со своите 15 посто во Алибаба, се работи за 384 милиони акции. Основачот Џек Ма и потпретседателот на компанијата Јосеф Цаи тврдат дека ќе ги задржат своите акции. Ова не е прва ваква транша на акции но е далеку најголема, досега рокот на забрана на продажба истече за 8,1 милион и 429 милиони акции.
Плановите на Yahoo својот удел на акции во Алибаба да го издвои во посебна фирма на берзата наречена Aabaco Holdings пропаднаа бидејќи американската управа го одбила нивното барање тој повик да биде неоданочен.
