Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрации на солидарност од Њујорк до Денвер

Демонстрации на солидарност од Њујорк до Денвер

Повеќе илјади луѓе учествуваа во демонстрациите oдржани во најголемите градови на источниот брег на САД, барајќи еднаков третман на полицијата кон сите откако црно момче почина од повредите во полицискиот притвор во Балтимор.

Најголем дел од демонстрантите е забележан во Балтимор, каде е блокиран сообраќајот во централниот дел на градот.

Повеќе илјади луѓе демонстрирале во знак на солидарност во  Њујорк , Вашингтон и Бостон.

Околу 2000 припадници на Националната гарда се распоредени од почетокот на неделата на улиците на Балтимор, каде е воведен и полициски ќас од 20.00 до 5.00 часот.

Околностите околу смртта на момчето Греј и понатаму се нејасни, но шест полицајци се суспендирани од работа без плата.

Американскиот дневник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на полициски документ наведува дека затвореникот, кој во транспортносот комби бил со Греј, изјавил дека можел да чуе „како момчето удира во главата во внатрешноста на возилото и верува дека намерно се обидувал да се повреди“.

Затвореникот од Греј бил одвоен со метална преграда и не можел да го види. Греј починал седум дена после апсењето и имал тешки повреди на кичмата.

Барак Обама во неодамнешно обраќање по повод нередите во Балтимор признал дека земјата е соочена со криза и дека односите на полицијата со афроамериканската заедница се „вознемирувачки“.

Слично

Поврзани вести