Демонстрантите жива ја запалија сопругата на поранешниот премиер на Непал
Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале загина откако е жива запалена, откако демонстранти го нападнаа нејзиниот дом во Катманду.
„Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа“, стои во извештаите од местото на настанот.
Претходно, зградата на парламентот и домовите на високи политички лидери беа мета на насилствата. Стотина демонстранти, кои протестираа против корупцијата, упаднаа во парламентот и го запалија, предизвикувајќи хаос и уништување на институциите.
Протестите и нападот врз парламентот почнаа вчера, откако непалската Влада на 4 септември ги блокира социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб. Владата образложи дека компаниите не ги почитувале прописите, што го предизвика масовното незадоволство кај граѓаните.
Фото: EPA/NARENDRA SHRESTHA
