ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ШРИ ЛАНКА ПРОНАЈДОА МИЛИОНИ РУПИИ ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА: Во дворот на вилата готват и делат храна на гладниот народ
Демонстрантите во
Шри Ланка кои вчера влегоа во резиденцијата на претседателот Готабаја Рајапакса
откриле во неа „милиони рупии“, пишува „Дејли мирор“.
Вредноста на еден милион рупии можат е околу 12.500 евра.
Како што наведува Дејли Мирор, „откриените пари се предадени на безбедносните сили“.
Освен тоа, на социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои се гледа како луѓето готват и делат храна. Протестите предизвикани од финансиската и економската криза ја зафатија Шри Ланка од почетокот на април оваа година.
What's happening In-side the Prime Minister's official house - Temple Trees! #lka #srilanka #colombo pic.twitter.com/Mk7boe8g4i
— RJ Saksi™ (Media Professional) (@saksivarnan) July 10, 2022
Во ексклузивното интервју за ТАСС, премиерот Викремесинге кој вчера поднесе оставка, истакна дека Шри Ланка се соочува со голем недостиг на девизи, гориво и нафтени деривати, ѓубрива, храна и лекови, а според неговите проценки ќе бидат потребни повеќе од три години за да се опорави од економската криза, јави ТАСС.
И претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса одлучи да поднесе оставка следната среда.
Ова го соопшти претседателот на парламентот Махинда Јапа Абејвардена во видео изјава за јавноста и потврди дека Раџапакса го информирал за неговата одлука да се повлече од претседателската функција со цел да обезбеди мирно предавање на власта.
