Демонстрантите во Киев ја напуштија зградата на Градското собрание
Украинските демонстранти изутринава ја ослободија зградата на Градското собрание на Киев, која ја окупираа во декември, на почетокот на протестот против претседателот Виктор Јанукович.
Опозицијата вчера најави дека ќе ја напушти зградата. Ваквата одлука е одговор на одлуката на властите да ги ослободат од притвор приведените за време на протестите.
По денешната евакуација прв во зградата на Градското собрание во Киев влезе амбасадорот на Швајцарија во Украина, чија земја претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Слично
