Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите во Иран повикаа на тридневен штрајк оваа недела

Демонстрантите во Иран повикаа на тридневен штрајк оваа недела

Демонстрантите во Иран денеска повикаа на тридневен штрајк оваа недела во обид да го задржат притисокот врз властите поради смртта на Махса Амини во притвор, а протестите се планирани на денот кога претседателот Ебрахим Раиси треба да им се обрати на студентите во Техеран. Се очекува Раиси да го посети Универзитетот во Техеран во среда, кој се слави како Ден на студентите во Иран, објави Ројтерс.

Според поединечни објави на Твитер, демонстрантите повикуваат на штрајкови на пазарџиите и митинг во близина на плоштадот Азади (Слобода) во Техеран, што се совпаѓа со Денот на студентите. Слични повици за штрајкови и масовна мобилизација во последните недели ги ескалираа немирите што ја зафатија земјата.

Активистичката новинска агенција од Иран објави дека до саботата биле убиени 70 демонстранти, меѓу кои 64 малолетници. Во соопштението се наведува и дека се уапсени 18.210 демонстранти, а убиени се 61 припадник на безбедносните сили. Протестите ширум земјата започнаа откако младата Иранка, Махса Амини (22) почина во притвор на „полицијата за морал“ на 16 септември.

Светските медиуми дјаенеска објави дека иранската „полиција на моралот“ е укината по повеќе од два месеци протести на демонстрантите. „Полицијата на моралот нема никаква врска со правосудниот систем и е укината“, рече иранскиот јавен обвинител Мохамад Џафар Монтазери во саботата навечер.

„Полицијата на моралот“ беше приклучена на иранските безбедносни сили и нивната задача беше да го спроведуваат исламскиот морал како што беше наложено од водечките свештеници на Исламската Република. Формирана е во 2006 година, во времето на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, со цел да се „шири културата на скромно облекување и хиџаб“.

Слично

Поврзани вести