Демонстранти во Москва бараат од Путин да интервенира во Украина
Неколку стотици граѓани се собрале денеска во Москва, повикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин „да преземе акција“ во Украина, односно да испрати војници во таа земја за „одржување на мирот и прекин на крвопролевањата“.
„Ако некој има моќ, тогаш треба да премине во акција“, велат организаторите на протестот на кој беше најавено учество и на проруски активисти од регионот на Доњецк во источна Украина.
Според нив, Русија треба да упати воени сили за одржување на мирот и заштита на проруското население во Украина.
„Американски генерали во моментов се наоѓаат во Украина и набавуваат оружје за украинската војска. Не разбираме зошто Русија не би го направила истото за проруските активисти“, додадоа организаторите на протестот.
Во тримесечните жестоки судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, загинаа повеќе од 1.100 луѓе, објавија Обединетите нации.
И покрај политичката поддршка од Путин за проруските бунтовници во Украина, Кремљ демантира дека им праќа каква било директна помош.
Слично
