Демонстрант во Москва лежи со врзани раце во знак на почит кон жртвите од Буча
Во знак на почит за убиените во Буча во Украина, московски демонстрант лежи на улица со врзани раце.
Демонстрантот е фотографиран во различни делови на руската престолнина, вклучително и на мостот во близина на градската катедрала Христос Спасител.
Фотографиите од протестот ги сподели руската независна страница Holod.media.
Украинската разузнавачка служба го објави список на руски војници „кои извршиле воени злосторства против народот на Украина во Буча“.
Списокот, објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана, вклучува имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови за околу 2.000 војници. Пораката гласи: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства против цивилното население во Украина“.
На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. Во повеќе руски градови имаше антивоени протести, но властите ги апсеа демонстрантите.