Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрации во Париз: Упад во зградата на американскиот „Блекрок“

Демонстрации во Париз: Упад во зградата на американскиот „Блекрок“

За време на масовните протести организирани поради измената на законот за пензиите, денеска демонстрантите во Париз насилно упаднаа во зградата во која се наоѓа канцеларијата на американската компанија „Блеккрок“.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа демонстранти како влегуваат во канцеларискиот блок „Центориал“ во близина на операта Гарние, држејќи црвени ракети и димни бомби.

Околу 100 луѓе, меѓу кои и претставници на неколку синдикати, влегоа во приземјето на зградата, извикуваа пароли против реформите и по десет минути излегоа надвор.

„Значењето на оваа акција е прилично едноставно. Отидовме во седиштето на „Блекрок“ да им кажеме: работнички пари, за пензии, ни ги земаат“, изјави Џером Смит, портпарол на францускиот синдикат СУД. Од компанијата „Блеккрок“ одбија да го коментираат овој настан.

Блекрок е американска меѓународна корпорација за управување со инвестиции со седиште во Њујорк. Основана во 1988 година, првично како управување со ризик и управување со институционални средства со фиксен приход. Според многу показатели, ова е една од најмоќните компании во светот.

Според претходното истражување на Универзитетот во Амстердам, од вкупно 3.900 компании на американската берза, „Blackrock“ е најголем акционер во 1.662 од нив.


Слично

Поврзани вести