Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демократите и републиканците со први директни преговори за буџетот во САД

Демократите и републиканците со први директни преговори за буџетот во САД
Предупредување до САД за итно решавање на буџетската криза денеска упати и претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким. Тој потврди дека на САД им се заканува опасност, истекува рокот за продолжување на лимитот на нивото за задолжување, што значи и сериозен развој на состојбите не само во федерацијата. На редовното годишно заседание на Советот за безбедност во Вашингтон, Ким  рече расте опасноста за цели свет и апелираше до американските законодавци да направат се што е во нивна можност и да ја  избегнат кризата. Уште 4 дена ги делат САД од ескалација на проблемот, односно ако во овој рок Конгресот не ги изгласа неопходните мерки, за прв пат во историјата САД не ќе може да го сервисира надворешниот долг. Проблемот и блокадата настана откако демократите и републиканците не успеаја да се договорат за средства за финансирање на Законот за здравствена заштита. Сега сенаторите се обидуваат да најдат излез од критичната ситуација, како со носење на буџет така и со таванот на надворешниот долг . Претседателот Барак Обама не сака двете прашања да се врзуваат, бидејќи на тој начин републиканците можат да уценуваат владата. Денеска се одржаа и првите директни преговори меѓу демократите и републиканците, а лидерот на демократите Хари Рид изјави дека смета на договор уште во понеделник пред отворањето на пазарите. Аналитичарите се скептични во однос на ова тврдење . Сепак, ако тоа не се случи до четврток , Вашингтон се соочува со потенцијален банкрот.
Слично

Поврзани вести