ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМИ: Во овие земји населението забрзано старее
Девет најзагрозени земји каде населението старее се Франција, Малта, Белорусија, Грција, Русија, Јапонија, Сингапур, Шри Ланка и Тајланд.
Во топ 10 е и соседна Бугарија. Ако ја погледнеме САД, тие се исто така демографска темпирана бомба. Во следните 30 години економијата на САД ќе се соочи со транзиција, бидејќи околу 75 милиони луѓе во земјата ќе се повлечат од активна работа и ќе се потпираат на пензии. Тоа ќе биде силен притисок врз социјалниот систем.
Според статистиката во следните 30 години бројот на луѓето во САД на возраст над 65 години се очекува да се удвои, додека оние на 85 години ќе се зголемува.
Многу земји го зголемија прагот за пензионирање. Во Франција од 60 години тој беше зголемен на 61,5 години во моментот кога во Грција прагот беше подигнат на 67 години од 65 година, а во Италија жените се пензионираат на 65,5 години во споредба со 62 години како што беше претходно.
