Деловните луѓе се повеќе работат во движење
Деловните луѓе ширум Европа се почесто работа во движење, а дури 93 отсто од нив ги завршуваат подготовките за состанок во текот на службеното патување.
Истражување на HP компанијата, спроведено на деловни луѓе во девет земји од Европа кои редовно патуваат покажува дека 54 отсто од испитаниците половина од своето патување го поминуваат работејки.
Британците се тие кои најчесто работат во од, дури 67 отсто од нив поминуваат повеќе од половина време во текот на своето патување во работа, додека 43 отсто од Германците исто така го практикуваат ова.
Користењето на технологијата за 88 отсто службени лица им овозможува да останат продуктивни, проверувајки ја електронската пошта или барајки доплонителни информации.
Најголема пречка на продуктивноста им е немањето на интернет.
Според истражувањето канцеларијата повеќе не е место каде вработените се чувствуваат најпродуктивни, бидејки 56 отсто од нив сметаат дека најдобрите идеи доаѓаат кога не се во канцеларија.
77 отсто од работниците велат дека работат во текот на патувањето за да не заостанат со работата.
Слично
