ДЕЛОВИ ОД ТЕЛАТА НА ДЕЦА ИМАЛО НИЗ БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА: Директорката повика на прекин на војната, затоа што сите се губитници
Директорката на болницата „Ал Ахли“ во Газа, Сухаила Тарази упати итен и емотивен апел да се стави крај на последната војна меѓу Хамас и Израел.
Таа за АП изјави дека грозоморните сцени по експлозијата „се различни од она што таа некогаш го видела и што можела да го замисли“.
Директорката не била во болницата во вторникот вечерта за време на експлозијата, но рече дека делови од телата на децата биле расфрлани низ болницата и во дворот.
„Сите ние сме губитници во оваа војна. И тоа мора да заврши“, рече директорката.
Израелската војска тврди дека не е одговорна за експлозијата и дека радарот потврдил канонада од оган од палестинската исламистичка организација Исламски џихад од блиските гробишта. Исламскиот џихад ги негира тврдењата на Израел.
Министерството за здравство на Газа информира дека од почетокот на војната на 7 октомври во Газа се убиени најмалку 3.200 луѓе, а 11.000 се ранети. Израел има над 1.400 жртви, од кои повеќето се цивили.„САД и сите западни земји кои го поддржуваат Израел „ја сносат целосната одговорност за војната против цивилите во Газа“, изјави денеска претставникот на Хамас, Осама Хамдан.
Тој ова го изјави на прес-конференција во Либан по експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа, пренесува Би-Би-Си.
Во болницата загинаа 471 Палестинец, а 314 се повредени.
Претставник на милитантната исламистичка организација Хамас денеска повика во петок да се одржат протести ширум светот за подршка на Палестинците во Газа.
