Дел од проектил завршил во дворот на Зеленски
Во дворот на летната резиденција на украинскиот претседател Влодомир Зеленски, паднал дел од проектил, информира секретарот за медиуми Сергеј Никифоров.
Тој објави фотографии од дворот на летната резиденција, кој се наоѓа во близина на главниот град Киев.
„Дел од проектилот паднал во дворот на претседателската резиденција во Конча Заспи, во јужниот дел на Киев“, напиша Никифоров.
Никифоров изјави дека Зеленски реагирал со само еден збор: „промашување“.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните неколку дена, пишува британски Тајмс.
Медиумот објави дека платеници од Вагнер групата и чеченските специјални сили биле испратени во Украина за да го елиминираат Зеленски.
Слично
