Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од мажите сепак ќе можат да ја напуштат Украина

Дел од мажите сепак ќе можат да ја напуштат Украина

Морнарите ќе можат да ја напуштат  Украина. Премиерот Денис Шмигал напиша на Телеграм дека на морнарите сега ќе им биде дозволено да ја преминат границата, објави Би-Би-Си. 

Мжите кои се членови на екипажот на морски и речни бродови и продолжуваат да работат на бродови ќе можат да ја напуштат земјата. Ќе има и релаксиран режим за кадетите од образовните институции кои треба да завршат практична обука на брод. Тоа ќе биде можно по добивање дозвола од регионалните воени администрации.

Сега, во рамките на општата мобилизација, мажите на возраст од 16 до 60 години кои подлежат на воена служба, не смеат да ја напуштат Украина. Шмигал вели дека повеќе од 100.000 Украинци работат во светската трговска флота. Украинските морнари постојано бараа од властите да почнат да ги испраќаат на работа во странство доколку имаат важечки договор.

На крајот на мај, тие снимија видео порака упатена до претседателот Володимир Зеленски, објаснувајќи дека нивните места на бродовите ги заземаат Руси. 

Украина од 1 септември ќе можат да ја напуштат службено и индивидуалните претприемачи и ангажираните работници, за период до седум дена и со гаранција од 200 илјади гривни (околу 5 илјади долари). Оние кои заминаа во странство како бегалци по 24 февруари се претежно жени и деца. 

Слично

Поврзани вести