Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од израелската војска се повлече од Газа

Дел од израелската војска се повлече од Газа
Израел нема да учествува во мировни преговори со Хамас, но има намера да го намали интензитетот на операциите во Појасот Газа. Според израелски официјални претставници, делегација од Тел Авив нема да оди во Каиро на најавените преговори, бидејќи Хамас неколкупати досега го прекршува најавеното примирје. Израелски медиуми јавуваат дека дел од израелските безбедносни сили веќе се повлекле од Појасот Газа. Силите кои останале ги уништуваат преостанатите тунели кои Хамас ги ископал под границата. Во следните 24 часа израелската војска се очекува да соопшти дека сите тунели за кои имала информации веќе се уништени и дека таа мисија е завршена. Се очекува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вечерашното обраќање до нацијата да најави кои ќе бидат следните чекори на израелската војска во офанзивата која трае веќе 26 дена. Обединетите нации денеска изразија загриженост затоа што во израелските напади врз Газа загинале 296 деца и млади Палестинци и дека децата претставуваат 30% од цивилните жртви. УНИЦЕФ стравува дека овој број ќе расте.
Слично

Поврзани вести