Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од европските земји се „затвораат“ поради омикрон

Дел од европските земји се „затвораат“ поради омикрон

Омикрон „затвора“ повеќе земји во светот. 

Од полноќ во Австрија е на сила нов режим за влез, според кој без карантин можат да влезат само оние кои примиле бустер доза.  Во земјава можат да допатуваат само лица кои имаат потврда за вакцинација или за прележан ковид-19, но со негативен пцр тест, не постар од 72 часа. Секој што ќе влезе во Австрија без тест и не примил бустер доза ќе мора да оди во карантин десет дена. Британија  се соочува со нагло зголемување во бројот на позитивни ковид-случаи со повеќе од 82 886 заразени, што се должи на варијантата омикрон. Пред Божиќ можни се ограничувања. 

Властите во Германија планираат да воведат „лесен локдаун" од 28 декември, и покрај прелиминарни планови да не ги заоструваат ограничувањата за вакцинираните и оние кои прележале коронавирус. 

Израел на црвена листа стави 10 држави поради омикрон. 

На оваа листа се најдоа САД, Италија, Белгија, Германија, Турција, Унгарија, Мароко, Португалија, Канада и Швајцарија. Листата ќе важи од полноќ на 22 декември. На спорната листа веќе има повеќе од 50 земји вкупно од океанските острови и Европа, најмногу од Африка. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести