Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од авион се распадна во лет - внатре имало 520 патници

Дел од авион се распадна во лет - внатре имало 520 патници

Авионот на "Air France" на летот од Париз до Лос Анџелес морал принудно да слета на Њуфаундленд во Канада затоа што еден од четирите мотори бил „тешко оштетен“, информираа од авиокомпанијата.

Airbus A380 авионот, откако останал без еден од четирите мотори бил пренасочен кон принудно слетување на аеродромот Goose Bay. Имено, за време на летот над Атлантскиот океан, еден од моторите експлодирал, односно му отпаднал голем дел и престанал да функционира.

Пилотите успеале да го стабилизираат авионот откако го исклучиле расипаниот мотор, по што, после еден час летање по инцидентот, авионот слетал во Канада. Во авионот имало 520 патници и членови на екипажот, а никој од нив не бил повреден.

По слетувањето, патниците не смееле да го напуштат авионот одредено време, затоа што аеродромот не бил подготвен да прими авион од тој тип. Авионот бил со оштетувања. 

Слично

Поврзани вести