Економија, финансии, бизнис

Контакт

Декаденцијата на последната генерација на Советскиот сојуз

Декаденцијата на последната генерација на Советскиот сојуз

Последните генерации на моќници кои произлегоа пред распадот на Советскиот сојуз денес се исто така фанатични кон декаденцијата како што беа кон теориите на Карл Макс и комунизмот. Скромноста на пролетаријатот и работничката класа ја заменија со безобразно богатење, сликите на Ленин ги заменија со силиконски блондинки, а строгите и уредни униформи со бунди, крзна и златни ланци.

Моќници од КГБ, полициските и армиските служби, директорите на големите трговски претријатија и рафинерии ги запоседнаа јахтите, скапите мерцедеси, кавијарот белуга и шампањското кои не се доволни да го изразат нивното его и поентата дека се искачиле на врвот. 

Растењето во сиромаштија, културолошката блокада од Западниот свет, забраната за модните трендови и револуционерни движења на поп културата создаде генерација на богаташи кои единствен избор им е турбофолкот. 

Затоа сликите со позлатени одаи, кристали на секој чекор и луксузни кич предмети се вистински одраз на нивната декаденција додека во исто време рускиот народ и натаму живее скромно иако со повеќе модерни комодитети, но е немоќен да ја смени социо-економската слика.


Слично

Поврзани вести