Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дејвид Камерон: Смртта на Боуви е голема загуба!

Дејвид Камерон: Смртта на Боуви е голема загуба!

Легендарниот Дејвид Боуви, еден од најпопуларните музички звезди на сите времиња, почина во 69-тата година на животот после тешка болест. Тој со рак се бореше 18месеци. Зад себе остави бројни незаборавни хитови кои и денес со задоволство се слушаат.

Кариерата ја започнал на 17 години.

Неговата успешна пет децении долга кариера ја одбележаа албумите  "Heroes", "Let''s Dance", "The Man Who Sold the World" и други. Боуви во петокот на својот 69 роденден го објави новиот албум "Blackstar", а се прослави во седумнаесетите години во периодот на глам рокот.

Често го менуваше својот изглед и звук-рок хит  "Ćanges" утро е пат на диско соул албумот "Young Americans", на кој како коавтор се појавува Џон Ленон, па се до соработката со Брајан Ен на изданието  "Heroes".

Вниманието на најшироката публика го стекна во раните осумдесети години со албумот  "Let''s Danse" и големата американска турнеја.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/B2HWuR2mq5M[/embed]

„Во текот на целата своја кариера работев со сито темпо. Облеката може да се менува, но зборовите и темите кои ги избирав секогаш имале врска со изолацијата, напуштеноста, стравот и анкциозноста. Тоа се сите најважни точки во еден живот“, рекол Боуви во интервју за АП во 2002 година.

Неговиот настап беше врв на концертот за помош на нападите на Светскиот трговски центар во 2001 година.

„Најмногу сум горд на своето влијание на речникот на поп музиката. За мене како уметник тоа е најважно“, рекол Боуви во една прилика.

Боуви во последните години послабо се појавуваше во јавноста после срцевиот удар.

Пред три години го објави албумот "The Next Day", снимен тајно во Њујорк, а новиот албум  "Blackstar", кој веќе позитивно е оценет од страна на критичарите, претставува уште едно стилско пометсување на Боуви, со оглед на тоа дека соработувал со џез музичари.

Боуви продал 140 милиони примероци од своите албуми, БиБиСи во 2002 година го смести на 29 место на најголемите Британци, а според магазинот "Rolling Stone" се најде на 39 место на листата 100 најголеми рок уметници на сите времиња и 23 позиција на листата најдобар пејач на сите времиња.

Боуви во 1996 е примен во Рокенрол куќата на славните.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денес на својот Твитер профил напиша дека смртта на музичарот Дејвид Боуви е голема загуба.

Камерон наведува дека пораснал слушајќи и гледајќи го Боуви , „поп генијот кој секогаш ја правеше вистинската работа и секогаш се појавувал во нови изданија“.

Американскиот рапер Кание Вест на Твитер наведе дека Боуви му бил „најважна инспирација“.

Тој истакнал дека Боуви бил толку неустрашлив и креативен што „ни пружил магија за сите времиња“.

Слично

Поврзани вести