Дејвид Камерон може да биде следниот генерален секретар на НАТО
Велика Британија може да поднесе кандидатура на поранешниот премиер Дејвид Камерон за функцијата генерален секретар на НАТО.
По референдумот за членство на Велика Британија во Европската унија министерот за одбрана Мајкл Фален вели дека по Brexit Обединетото Кралство ќе игра уште поактивна улога во работата на НАТО, потсетува лондонскиот весник Daily Mail.
Приврзаниците на Камерон во владата сметаат дека Лондон само ќе профитира од враќањето на поранешниот премиер во големата политика. Тие додаваат дека Камерон, кој во моментов заработува 2000 фунти на 1 минута предавања, е подготвен да го разгледа прашањето за номинација за висока позиција. Неоданочливата плата со даноци на генерален секретар на НАТО достигнува 260 624 евра.
За да има шанса кандидатот, тој уште сега треба да г објави свиоите позиции за најважните проблеми на безбедноста. За таа цел треба да користи такви значајни форуми како Минхенската конференција за безбедност и Форумот во Давос, кои се одржуваат во почетокот на секоја година. Дејвид Камерон беше премиер на Велика Британија речиси 6 години од 2010 до 2016 и 11 години беше на чело на Конзервативната партија (2005-2016). Како активен приврзаник на евроинтеграциите тој се откажа од двете функцијата откако мнозинството од Британците гласаа на референдум во јуни за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Неодамна премиерот на Словачка - Роберт Фицо -го нападна Камерон велејќи дека „ако авантуристи како Дејвид Камерон продолжуваат да фабрикуваат бесмислени референдуми, тогаш ЕУ ќе биде под голем притисок“Досега тројца Британци ја извршувале функцијата генерален секретар на НАТО. Тоа се Хастингс Исмет (1952-1957), лорд Питер Карингтон (1984-1988) и лорд Џорџ Робертсон (1999-2003). Мандатот на актуелниот генерален секретар Јенс Столтенберг истекува во 2018 година .
Ако имаат желба, земјите-членки на Алијансата може да го продолжат неговиот мандат за уште една година.
