Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дејвид и Викторија Бекам „фрлија“ 40 милиони фунти за палата во Лондон

Дејвид и Викторија Бекам „фрлија“ 40 милиони фунти за палата во Лондон
Дејвид и Викторија Бекам фрлија 40 милиони фунти за палата во Лондон . 38- годишниот поранешен капитен на англиската фудбалска репрезентација и неговата сопруга вложиле уште пет милиони фунти во поправките на четирикатната палата во западниот дел на британската престолнина. Куќата ќе има фризерски салон , салони за маникир и шминка , како и одделни простории за колекцијата на чевли на Викторија . Вработените и обезбедувањето ќе имаат пристап до тунел кој ќе ги носи незабележано до втора куќа . Ѕвездената двојка веќе има инсталирано звук систем , за да се пушта музика во секоја соба , која ќе може да биде контролирана со телефон или компјутер. Тие планираат да стават специјално создадени водоотпорни плазма телевизори во секоја бања. Децата на Дејвид и Викторија , Бруклин , Ромео , Круз и Харпер , ќе го заземаат вториот кат на зградата , која располага со три спални , во секоја од нив има и бања . На долниот кат се наоѓаат работен кабинет , фитнес сала и соба за масажа , како и три соби за персоналот и мала градина . Дворецот располага и со подземна гаража во која Дејвид ги држи своите автомобили. Семејството Бекам продаде зградата во Хертфордшор , познато како Бекингамска палата , за 12 милиони фунти . Тие сепак имаат и куќи во Калифорнија, Дубаи и вила за 2,6 милиони фунти во Јужна Франција .
Слично

Поврзани вести