Дејвид Блум: Фунтата ќе продолжи да паѓа
Поевтинувањето на британската фунта се случи многу побрзо и посилно од очекувањата на експертите, коментира Дејвид Блум, раководел на одделот за монетарната трговија во „HSBC“ за „CNBC“.
„Движења од ваква природа кои се исклучително силни, се развиваат значително подолго време", коментира Блум.
Завршени се деновите на фунтата како спасувачка валута, коментираат аналитичарите. Ако има понатамошен стимул за британската економија и поголема невработеност во земјата, фунтата ќе забележи понатамошно поевтинување спрема останатите главни валути.
Сите причини поради кои инвеститорите купуваа фунти во текот на изминатата година, се изменети до денес. Јасно е дека еврозоната нема да се распадне, најдено е решение на „фискалниот јаз" во САД, а се нормализираат и состојбите во Кина“, додава Блум.
Британската економија се забави за 0.3% во четвртиот квартал од минатата година, а во минатиот месец, агенцијата „Moody's“ и го намал рејтингот на земјата од највисокото ниво.
Централната банка на Велика Британија има седница во четврток при што очекувањата на пазарот се да биде зачувуван пакетот стимулации без промена, иако на претходната средба беше посочено дека тројца од девет учесници во комисијата побарале зголемување на програмата со 25 милијарди фунти.
Слично
