ДЕЦАТА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА МАЈКИТЕ, КАКВО ЕМОТИВНО ВИДЕО: Повеќе од 30 деца вратени од Русија во Украина
Триесет и едно
дете се вратени во Украина откако илегално биле однесени во Русија од
територијата контролирана од Москва, објави денеска на социјалните мрежи
невладината организација „Спасете ја Украина“.
Денеска пречекуваме уште 31 дете кои илегално беа однесени во Русија од окупираната територија“, напиша Микола Кулеба, шеф на невладината организација.
Децата биле однесени во Русија од Харков (на североистокот на Украина) и од регионот Херсон (на југот), наведува организацијата чија главна задача е да се бори, против депортацијата на украинските деца.
Според организацијата, децата со патни торби пеш ја преминале границата во петокот во придружба на роднините, а потоа се качиле во автобусот за да го продолжат патувањето.
„ФСБ испрашуваше жени 13 часа“
Кулеба ги пофали „херојските мајки“ кои дојдоа во потрага по нивните деца и рече дека ова е најтешката мисија на организацијата досега.
Една постара жена која ги земала своите две внучиња починала на патот од стрес, рече тој, објавувајќи на Фејсбук дека Руската служба за безбедност (ФСБ) испрашувала Украинки цели 13 часа.
Властите во Киев проценуваат дека повеќе од 16.000 украински деца се киднапирани и однесени во Русија од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, а многумина се сместени во домови за деца.
Москва ги негира тврдењата и вели дека спасувала украински деца со тоа што ги изнесувала од зоната на конфликтот и подготвувала план за нивно враќање кај нивните семејства.
На 17 март, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради сомнение дека е одговорен за воено злосторство за незаконско депортирање на украински малолетници од окупираните територии во Украина во Руската Федерација.
Судот со седиште во Хаг, исто така, издаде меѓународна потерница за Марија Лвова-Бјелова, руски комесар за деца, поради слична причина.
