Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата се хранат со бубачки, глад владее на Мадагаскар

Децата се хранат со бубачки, глад владее на Мадагаскар

Во Мадагаскар, децата се хранат со бубачки, пијат вода од бари. 

Мадагаскар е на чекор да стане првата земја на светот која ќе го искуси гладот како резултат на климатските промени.  Стотици илјади луѓе веќе трпат глад и несигурност по четири години без дожд. Најновиот извештај на Светската програма на ОН за храна (WFP) тврди дека  oваа држава  ќе се соочи со високи размери на глад и дека наскоро ќе бидат потребни итни мерки за решавање на хуманитарната криза која е во тек. Топлотните бранови предизвикани од климатските промени оваа година го влошиле инаку сушниот период од средината на 2021-а година. Освен сушните периоди, на југот на Мадагаскар има високо ниво на ерозија на земјата и сечење на шумите кои се претворени во обработливо земјиште. Бројните песочни бури ги прекриле нивите и тие станале неупотребливи. 

Слично

Поврзани вести