Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЦАТА ПАЃАА ВО НЕСВЕСТ ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА КИСЛОРОД, 11 ЛУЃЕ ПОЧИНАА - Иван раскажува како го преживеал рускиот пекол

ДЕЦАТА ПАЃАА ВО НЕСВЕСТ ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА КИСЛОРОД, 11 ЛУЃЕ ПОЧИНАА - Иван раскажува како го преживеал рускиот пекол

„Долго не држеа во подрум, некогаш кратко не пуштаа да одиме во тоалет, а некогаш ни тоа. Користивме кофи во кои вршевме нужда во подрум, кога не сакаа да не пуштат да одиме горе. Во времето кога бевме заробени, руски војници упаднаа во нашите куќи, пиеја, јадеа и ги силуваа нашите жени. Луѓето кои загинаа на крајот сите го изгубија разумот. Веќе ништо немаше смисла, тие беа во делириум, кажуваа работи кои никој не разбра. Од недостаток на кислород, децата се онесвестуваа кога конечно излеговме надвор. Руските војници психички не мачеа, со потсмев“, вели Иван Пољкук (62), еден од 366-те жители на селото Јахидне во Украина, кој поминал речиси еден месец, со солзи во очите раскажува за Нова.рс, за подрумот на локалното училиште додека местото било под руска окупација.

Селото Јахидне, кое се наоѓа во регионот Чернихив во Украина, било под руска окупација повеќе од еден месец. Иако голготата низ која поминаа локалните жители не одекна доволно силно за да ги пополни колумните во весниците низ светот, Јахидне крие една од најмрачните тајни на руската инвазија на Украина.

Страв кој нема крај

Кога Русите влегле во Черниговската област, а со тоа и во Јахидне, и ги окупираа домовите на луѓето кои живеат таму со децении, тие ги истераа локалните жители во подрумот на единственото училиште на таа територија.

Според официјални лица од регионот Черниговски, на површина од 200 квадратни метри биле заробени вкупно 366 лица. Еден од нив е Иван, кој бил во подрумот со сопругата, децата и двата внуци кои имаат 17 и 10 години.

„Беше многу тешко, сите се плашевме многу. Долго не држеа во подрум, некогаш кратко нè пуштаа да одиме во тоалет, а понекогаш ни тоа. Користивме кофи во кои вршени нужда во подрум, кога не сакаа да се качиме.Во времето кога бевме заробени, руски војници упаднаа во нашите куќи, пиеја, јадеа и ги силуваа жените. Ги украдоа работите што ги оставивме зад нас. Жените нашле црвена боја и на вратата напишаа - „внимателно, деца“ оти наоколу летаа дронови, да не пука некој додека сме заробени таму долу“, рекол Иван на почетокот на својата исповед.

Иван, неговото семејство и стотици други, во подрумот на тоа училиште беа затворени еден месец.

„Бевме поделени во соби, на секоја врата пишуваше колку луѓе живеат внатре и колку деца со нас. Нивните цртежи сега се на ѕидовите, секој нешто напиша или нацрта, за да минуваат деновите побрзо и полесно. Имаше 0,5 квадрати по човек, но не можеше секој да се смести во собите. Многумина спиеја по ходниците, направивме неколку импровизирани кревети. Од недостаток на кислород овде загинаа 11 лица. Кога луѓето почнаа да умираат, се обидовме да направиме дупки на прозорците, за да влезе барем малку светлина“.

Психа на тест

Иако недостигот на храна и вода беше еден од предизвиците со кои се соочија жителите на селото Јахидне, набрзо стана јасно дека најголемиот предизвик сепак ќе биде да ја преживеат психолошката тортура на руските војници.

Повеќе детали на Нова.рс

Фото: ЕПА/ROMAN PILIPEY

Фотографијата не се однесува на содржината на сторијата

Слично

Поврзани вести