Деца загинаа при напад на градинка во Етиопија
УНИЦЕФ го потврди нападот на градинка во провинцијата Тиграј.
Меѓунаодниот фонд за деца при ОН го осуди воздушниот напад врз детска градинка во етиопската провинција Тиграј кој е под контрола на бунтовниците. Претставник на болницата во градот Мекеле изјави дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои две деца, а девет биле ранети.
Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ на Твитер изјави дека „децата уште еднаш платија висока цена за ескалацијата на насилството во северна Етиопија“.
Бунтовниците тврдат дека авионот „фрлил бомби врз станбена зона и градинка во Мекеле“, додека владата на Етиопија објави дека воената авијација цели исклучиво воени цели.
„Не можам да му помогнам ниту на моето семејство кое гладува во Тигра“, вели генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој оцени дека ситуацијата во етиопскиот регион Тигра, каде има војна, е исклучително тешка. Кажа дека има роднини таму, сака да им испрати пари, но не може.
Гебрејесус изјави дека не ни знае „кој од нив е жив, а кој не е”.foto EPA