Деца во Норвешка заработуваат по 500 евра на ден
Деца од норвешкиот град, Балстад секој ден чистат бакалар и заработуваат по 500 долари дневно.
Стотина деца на овој начин имаат шанси да заработат.
Тригве Петерсен има 16 години и заработува по 500 евра така што чисти по 80 килограми дневно.
Децата со ова можат да си дозволат нови работи, телефони, лап топи, облека.
„Успеав да заштедам доволно за да отпатувам за Америка. Ќе уживам од Њујорк до Хаваи, сам тоа си го овозможив“, вели момчето.
За килограм рибарите добиваат 7 евра. Велат дека отсекогаш деца биле одговорни за јазици од бакалари. Децата тврдат дека тоа е нивна работа, нивна традиција.
Слично
