Деца на возраст од 13 години меѓу загинатите во јужноафриканската таверна
Јужна Африка тагува по смртта на 22 млади лица, меѓу кои имало и 13 годишни деца. Трагичниот настан се случил во таверна, причините за смртта на младите се уште не се прецизирани.
Министерот за национална полиција, Беки Целе изјави дека сè уште не може да каже што се случило на местото на настанот, но рече дека некои од жртвите биле на само 13 години.
- Примероците од телата ќе бидат однесени во токсиколошките лаборатории во Кејп Таун за понапредна анализа - рече министерот, пренесува Си-Ен-Ен.
Претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса, изрази сочувство до семејствата на жртвите.
- Додека претседателот чека повеќе информации за инцидентот, неговите мисли се со семејствата кои ги загубија децата, како и со семејствата кои чекаат потврда за тоа како нивните деца биле погодени - се вели во соопштението на претседателството.
Причината за инцидентот е под истрага, изјави претходно за Си-Ен-Ен портпаролот на полицијата во Источен Кејп, бригадниот Тембинкоси Кинана.
Многу луѓе се собраа на местото на настанот обидувајќи се да ги најдат саканите.
Фото: Принскрин/ Си-Ен-Ен
