Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебакл на Фејсбук-телефонот во САД, одложена продажбата во Европа

Дебакл на Фејсбук-телефонот во САД, одложена продажбата во Европа
Мобилните оператори во Европа го одложија лансирањето на телефонот „Фејсбук“ на брендот „HTC“ поради негативните реакции на пазарот и разочарувачката продажбата на овој производ во САД, јавува интернет порталот „capital.ba“. Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изрази надеж дека овој телефон ќе го промени односот меѓу луѓето и нивните мобилни телефони. Фејсбук телефонот веќе се нуди со големи попусти во САД,  а големата мрежа на „ЕТ & Т“ го тргна од понудата. Затоа, популарната онлајн социјална мрежа препорача да се почека за европската премиера. Од компанијата на Цукерберг посочија дека ги слушаат коментари од своите корисници и дека на многумина овој телефон им се допаѓа, но постојат многу добри идеи за подобрување на софтверот, што ќе се направи во следните неколку месеци. Телефонот користи софтвер „Фејсбук хоум“ кој засега е ограничен само на моделот „HTC first“. Во текот на годината треба да стане достапен и за други мобилни уреди со оперативниот систем Андроид. Во меѓувреме од  „HTC“ си заминаа неколкумина клучни луѓе од менаџментот на компанијата, вклучувајќи го и шефот на одделот за производи, директорот на азиската филијала, директорот за глобална комуникација и пет други високи функционери. Приходот на тајванската компанија лани падна на најниско ниво во последните осум години.
Слично

Поврзани вести