Економија, финансии, бизнис

Контакт

Де Мезиер: Германските власти следат 420 екстремисти

Де Мезиер: Германските власти следат 420 екстремисти

Германските специјални лица следат 420 екстремисти, кои се на територијата на земјата, пренесува „DPA“, повикувајќи се на податоци на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Околу 120 од вкупно 760 борци на „Исламска држава“, кои поседуваат германски пасош, загинале во војната во блискоисточните земји Сирија и Ирак. Но, веднаш потоа предупредил дека една третина од останатите се враќаат назад во Германија, тврди министерот.

„Познати ни се околу 70 лица, кои активно учествуваат во борбите или имаат соодветна обука и повторно се вратиле во Германија“, додал тој.

Според министерот до 80% од џихадистите се млади мажи, најчесто на возраст под 30 години и кои пораснале во Германија. Повеќето од нив според него се со германско државјанство или со два пасоши. Тие често зборувале подобро германски, отколку родниот јазик на родителите или бабите и дедовците.

Сеуште не е целосно пресметан нивниот реален број, но според де Мезиер тој е „висок колку никогаш досега“. По серијата терористички напади во француската престолнина Париз екстремистите во Германија се следени со претпазливост од тајните служби, но наизменично и несистематично, појаснил министерот.

Во меѓувреме, кон крајот на минатата недела беше јасно дека се подготвува трилатерален состанок помеѓу Грција, Германија и Турција, на кој требаше да се пронајде решение на бегалската криза во Европа. Оваа средба била понудена од германскиот канцелар Ангела Меркел. За плановите беше јасно по посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Анкара минатата недела.

Слично

Поврзани вести